23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ванг до Блинкен: САД треба да престанат да ја потиснуваат Кина

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД треба да престанат со практиката на воздржување и потиснување на Кина и да не создаваат нови пречки во односите меѓу двете земји, соопшти Министерството за надворешни работи во Пекинг.

Ванг оцени дека контролата на извозот наметната од Вашингтон на Пекинг сериозно ги нарушува неговите легитимни права и мора да биде укината.