21.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Од Одеса испловиле 12 брода со жито

Бродови со 354.500 тони земјоделски производи ги напуштија украинските пристаништа како дел од договорот за извоз на храна преку Црното Море, објави портпаролот на воената управа во Одеса.

Украинскиот министер за инфраструктура, Олександар Кубраков, објави дека 12 брода испловиле од украинските пристаништа.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја ќе продолжи да го почитува договорот за извоз на жито преку Црното Море иако Русија се повлече од договорот.

„Иако Русија се двоуми бидејќи не ги доби истите придобивки, ние решително ќе продолжиме да правиме напори да му служиме на човештвото“, рече Ердоган во говорот.

ОН објавија дека е завршена првата од 40-те планирани инспекции на бродови закотвени во близина на Истанбул.

Москва изминатиот викенд објави дека се повлекува од договорот „на неодредено време бидејќи не може да ја гарантира безбедноста на цивилните бродови“ по нападите врз бродовите во нејзината Црноморска флота понатаму на исток.