24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

„Емоции“ изложба на скулптури од Никола Смилков

Културно-информативен центар – Скопје, Салон Империјал 2, 4 ноември 2022, 20 часот

Почитувани
Културно-информативниот центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на отворањето на изложбата на скулптури од Никола Смилков насловена “Емоции”.

И само минувајќи низ „патот на емоциите“ на изложбата на вајарот Никола Смилков, како да се враќаме на самите себе, на своето внатрешно битие, на својот божествен никулец кој ни ја дава смислата, а со тоа и го осмислува постоењето. Смилков своето уметничко дело како од самите негови почетоци да го поврзува со таинствени нишки со култниот однос кон човечката фигура, особено женската, како центар на микрокосмичките случувања. За неговиот создавачко-креативен импулс, фигурата претставува како интуирање на смислата на еден реално даден облик, така и особена загатка со определена материјална таинственост низ која еманираат ирационални димензии на уметничкото, кое подразбира, и ликовно, и психолошко, и духовно, со осмислување на важните димензии на архетипското. Сведена, кубистички поедноставена, во дискурс на минимализмот прецизно обликуваната форма, оддава низ призмата на ликовното, необично важни, суштински ознаки на значењето во самата своја содржина.

М-р Луција Ѓурашковиќ

Никола Смилков е роден 1973 година во Штип Македонија. Студирал на Факултетот за ликовни уметности за уметност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј „во Скопје, каде што дипломирал, а магистрирал во 2002 година од областа на вајарството во класата на проф. Драган Попоски Дада. Во 2012 година се стекнува со титула доктор на науки на Педагошкиот факултет на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, од областа на Методика на ликовно образование.
Учествувал на многу меѓународни симпозиуми при кои има поставено повеќе монументални скулптури и учество на групни изложби во Австрија, Словенија, Хрватска,Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Бугарија, Романија, Турција, Франција, Кина , Египет и Индија. За време на професионалната кариера реализирал неколку неколку студиски посети, вклучително и во Cite De Arts во Париз и Прима Центар во Берлин, завршувајќи ги посетите со самостојни изложби.
Во 2021 година, тој беше награден со Гран при на 5. меѓународен биеналале на актт „Марко Крстов Греговиќ“ во Будва, Црна Гора. Како национално признание за неговата уметничко работа, Смилков е двапати наградуван. Во 2008 и 2016 година ја добива Првата награда за скулптурата „Димо Тодоровски“ од Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

Изложбата ќе биде отворена до 12.11.2022 година.

Спонзорирано: