22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русија додаде 11 британски територии на листата на непријатели

Руската влада додаде 11 британски прекуморски територии на листата на непријатели, соопштено е денеска од владината канцеларија во Москва.

„Уште 11 британски прекуморски територии се додадени на списокот на територии кои ги поддржаа британските санкции против Русија. Тоа се Бермуди, Британската Антарктичка територија, Фолкландските Острови, Монтсерат, Островите Питкерн, Британската територија на Индискиот Океан, потоа Сент Хеленс, Асценсион и Тристан да Куња, потоа Јужна Џорџија и Јужните Сендвич Острови, Акротири и Декелија, Туркс и Каикос, Кајманските Острови“, се вели во соопштението.

Преостанатите три територии под британска контрола – Ангвила, Британските Девствени Острови и Гибралтар – беа вклучени во списокот претходно.

„Затоа, сите 14 британски прекуморски територии сега се на списокот на непријатели“, истакнуваат од руската влада.

Спонзорирано: