22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

НАТО: Русија итно да го обнови учеството во договорот за жито

НАТО денеска ја повика Русија што поскоро да го обнови учеството во договорот кој со посредство на ОН овозможи извоз на жито од Украина преку Црното Море.

„Ја повикуваме Русија да ја преиспита својата одлука и итно да го обнови своето учество во договорот за да дозволи храната да стигне до оние на кои им е најпотребна“, рече портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску.

Русија вчера објави дека го прекинува учеството во договорот за жито по нападот во Севастопол врз воените бродови на Црноморската флота и трговските бродови кои беа ангажирани за обезбедување на коридорот за жито.

Спонзорирано: