23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Илон Маск ја презеде контролата врз „Твитер“ и ги отпушта директорите, тврдат американски медиуми

Милијардерот Илон Маск ја презеде контролата врз „Твитер“ и ги отпушти најглавните директори, објавија американските медиуми доцна во четвртокот.

Главниот извршен директор на „Твитер“ Параг Агравал е меѓу отпуштените, заедно со финансискиот директор, правниот и политички извршен директор и генералниот советник на компанијата, објави „Њујорк тајмс“.

Маск во средата објави видео на Твитер како влегува во седиштето на компанијата носејќи порцелански мијалник. „Влегувам во седиштето на Твитер!“

Извршниот директор на „Тесла“, исто така, го смени својот профил на Твитер за да се нарече себеси Chief Twit и ја префрли својата канцеларија во седиштето на „Твитер“ во Сан Франциско.

Компанијата првично се спротивстави на понудата од 44 милијарди долари, но подоцна го тужеше најбогатиот човек на светот кога тој ги објави плановите да се откаже од договорот.