23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Сунак му вети цврста и силна поддршка на Зеленски

Британскиот премиер Риши Сунак во телефонски разговор му ветил на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека за време на неговиот мандат, поддршката на Велика Британија за Украина ќе биде цврста и силна како и секогаш, изјави портпаролот на Даунинг стрит.

Според портпаролот, британскиот премиер рекол дека Зеленски може да смета на континуираната солидарност на неговата влада.

„ Двајцата лидери се согласија за потребата да продолжи да се врши притисок врз варварскиот режим на Путин преку континуирани економски санкции… Сунак рекол дека се надева дека наскоро ќе се видат и лично“ – изјави портпаролот на Данинг стрит.