23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русија во Советот за безбедност на ОН: Украина се подготвува да употреби „валкана бомба“

Русија го изнесе пред Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) обвинението дека Украина се подготвува да употреби „валкана бомба“, експлозивна направа која содржи радиоактивен материјал.

Русија доцна синоќа ја изразила својата загриженост, на состанок зад затворени врати.

„Ние сме прилично задоволни бидејќи ја подигнавме свеста. Не ми пречи луѓето да кажат дека Русија алармира ако тоа не се случи бидејќи ова е ужасна, страшна катастрофа што потенцијално и се заканува на целата Земја“, рече заменик рускиот амбасадор во ОН Дмитриј Полјански.

Заменик британскиот амбасадор во ОН, Џејмс Кариуки, им рече на новинарите дека не се презентирани докази за тврдењето на Русија.

„Не видовме ниту слушнавме нови докази. Ова е чиста руска дезинформација што сме ја виделе многу пати досега и треба да престане“, додаде Кариуки.

Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (МААЕ) се подготвува да испрати истражители во наредните денови на две локации во Украина на барање на Киев, што изгледа како одговор на руските тврдења за „валкана бомба“.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во неделата телефонски разговараше со министрите за одбрана на Турција, Франција, Велика Британија и САД.

Радиолошка бомба или „валкана бомба“ се состои од конвенционален експлозив опкружен со радиоактивни материјали кои се шират во моментот на експлозијата.