17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Риши Сунак разговараше со Бајден, најавена е средба

Британскиот премиер Риши Сунак разговараше со американскиот претседател Џозеф Бајден.

Портпаролот на Даунинг стрит најави дека двајцата државници ќе се сретнат на претстојниот самит на Г-20 во Индонезија.

„Двајцата лидери разговараа за степенот на соработката меѓу Обединетото Кралство и САД, и билатерално и во региони како што е Индопацификот, каде што пактот AUCUS (трилатерален договор меѓу САД, Велика Британија и Австралија) е дел од напорите да се спротивстави на злонамерното влијание на Кина, наведува портпаролот во изјавата.

Сунак и Бајден се согласија и за потребата да се обезбеди безбедност на народот на Северна Ирска преку зачувување на Договорот од Белфаст, се додава во соопштението.