12.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ во разговор со Борел за напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, разговараше со шефот на европската дипломатија Жозеп Борел за ситуацијата на Косово.

„Отворен разговор со шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел, за ситуацијата на Косово и Метохија и напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина. Србија е посветена на продолжување на процесот и на решавање на сите отворени прашања“ – напиша Вучиќ на Твитер.

Вучиќ денеска се сретна со амбасадорите на Квинта и шефот на Делегацијата на ЕУ во Белград, Емануеле Жофре. Тие на Вучиќ му врачија заеднички документ во кој ја изразуваат својата загриженост за можното нарушување на стабилноста во регионот, пред истекот на рокот за пререгистрација на возила со српски регистарски таблички на Косово, соопшти кабинетот на српскиот претседател.