26.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Телефонски разговор на Остин и Шојгу за војната во Украина

Американското Министерство за одбрана објави дека министерот за одбрана Лојд Џеј Остин во петокот имал телефонски разговор со неговиот руски колега Сергеј Шојгу.

Вчерашниот разговор беше првпат двајцата министри да разговараат по 13 мај. Американските воени претставници тврдат дека веќе некое време Русите не реагираат на напорите на САД за воспоставување телефонски комуникации.

– Остин ја нагласи важноста од одржување на линиите на комуникација за време на актуелната руска војна против Украина – рече портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал на воздухопловните сили Пет Рајдер (Рајдер).

Остин разговараше и со украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников „за да ја повтори непоколебливата посветеност на Америка да ја поддржи Украина во спротивставувањето на руската агресија“, како и поддршката на меѓународната заедница за идната одбрана на Украина, се вели во соопштението на американското Министерство за одбрана.