14.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Ердоган: Путин е помек и поподготвен да преговара од порано

Турскиот претседател Таип Реџеп Ердоган постојано се обидуваше да се претстави како посредник во постигнувањето некаков мировен договор меѓу Русија и Украина.

Тој денеска разговараше со новинарите во авионот на враќање од патувањето во Азербејџан и сугерира дека рускиот претседател неодамна бил поподготвен за мировни преговори отколку порано.

Ердоган рече дека сè уште се надева оти може да се постигне мировен договор додавајќи: „Видов дека Путин е многу помек и поподготвен да преговара на оваа тема отколку порано“.