21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Picture by Andrew Parsons / No 10 Downing Street
СВЕТТОП ВЕСТИ

Борис Џонсон е еден од кандидатите за нов/стар премиер на Велика Британија

Британската премиерка Лиз Трус во четвртокот објави дека поднесува оставка по 45 дена на власт, а едно од имињата кои се споменуваат како можен наследник е поранешниот премиер Борис Џонсон, пренесува Sky News.

„Тоа е име што го слушам како некој што би можел да го премости јазот поради длабочината на внатрешниот конфликт меѓу различните табори“, рече нивниот политички уредник Сем Коутс.

Многу конзервативци се согласуваат дека тоа би можело да биде одговор на актуелната криза, но некои тврдат дека тоа претставува голем предизвик во очите на јавноста.

Да потсетиме дека Трас стана премиер на почетокот на септември, а таа се бори за политички опстанок откако нејзиниот министер за финансии Кваси Квартенг објави „мини-буџет“ со големи даночни намалувања на 23 септември, што ги потресе финансиските пазари.

По таа објава, трошоците за задолжување на Британија се зголемија, загрозувајќи го пазарот на недвижнини и дополнително ги влошија трошоците за живот. Трус имаше најлош рејтинг од кој било британски лидер во последните децении.

Таа се откажа од најголемиот дел од најавената политичка програма, а во средата остана без министер за внатрешни работи, седум дена откако го разреши министерот за финансии. Конзервативните пратеници вчера отворено се судрија во парламентот, по неуспешното гласање за фракинг што некои го сметаа за гласање за доверба на нејзината влада.