24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Лавров: Нема смисла Русија да ги задржува дипломатите на Запад

Русија не гледа никаква смисла во одржувањето на своето дипломатско присуство на Запад, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, нагласувајќи дека Москва наместо тоа ќе се концентрира на Африка и Азија.

„Нема смисла и, се разбира, желба да се одржи еднаква присустност во западните земји“, рече Лавров за време на средбата со младите дипломати.

Руските дипломати на Запад работат „во услови кои тешко може да се наречат хумани и каде постојано се соочуваат со проблеми и се загрозени“, нагласи шефот на руската дипломатија. „Но, клучот е дека нема повеќе работа таму, бидејќи Европа одлучи да ни се затвори, да ја прекине секоја економска соработка со Москва“, продолжи тој.

Лавров додаде дека нема смисла да се принудуваат другите да ги сакаат Русите и дека е потребно „поголемо внимание“ за земјите од третиот свет во Африка и Азија. Министерот рече дека Русија има многу проекти таму на кои им е потребна „дипломатска придружба“.

„Во такви услови природно ќе се фокусираме на оние земји кои се подготвени да соработуваат подеднакво за взаемна корист“, заклучи Лавров.

Многу западни земји масовно протераа руски дипломати по почетокот на руската офанзива во Украина на 24 февруари. Во некои случаи, овие протерувања беа придружени со обвинувања за шпионажа.

Спонзорирано: