22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експлозија во затвор во Мјанмар, голем број загинати

Најмалку осум лица загинаа, а 13 се ранети во експлозија што се случи денес во најголемиот затвор во Мјанмар, Инсеин, јавија локалните медиуми.

Тројца вработени и пет посетители загинаа во експлозијата што се случи во 9 часот и 40 минути по локално време, под се’ уште неразјаснети околности.

Екипите на Брзата помош ги префрлиле тешко повредените во локалните болници, а на оние со полесни повреди им била укажана помош на лице место, соопштија надлежните.

Портпаролот на воените власти на Мјанмар не одговори на барањата за коментар на новинарот на Ројтерс.

Инсеин е најозлогласениот затвор во земјата и илјадници политички затвореници се испратени во објектот откако војската ја презеде власта во Мјанмар.

Спонзорирано: