23.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина: Напад на Житомир, градот е без струја и вода

Руските сили денеска ја нападнаа енергетската инфраструктура во северниот дел на Киев, забележани се неколку експлозии и чад како се издигаат над дел од градот, додека градот Житомир остана без струја и вода, соопштија украинските власти и очевидци, пренесува Ројтерс.

Руските сили извршија напад врз објект за снабдување со енергија во Житомир, регионален центар северозападно од Киев, објави на Телеграм заменик-началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Кирило Тимошенко.

Тој рече дека имало три руски напади на една енергетска централа.

Градоначалникот на Житомир, Сергеј Сухомлин, објави дека нападот бил извршен врз „витална инфраструктура“ и дека работниците на итната помош излегле на местото на настанот.

Во градот Житомир, на северот на Украина, снабдувањето со вода и електрична енергија е прекинато по руските воздушни напади утринава, изјави градоначалникот.

„Во моментов во градот нема струја и вода. Болниците се на резервна струја“, напиша Сухомлин на Фејсбук.

Житомир имаше 260.000 жители пред рускиот напад врз Украина на 24 февруари.