12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Јапонија се истражува црквата што убиецот ја поврза со убиениот Шинзо Абе

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска нареди истрага за Црквата на обединувањето бидејќи, по атентатот на поранешниот премиер Шинзо Абе во јули, беше откриена блиска врска меѓу таа црква и некои претставници на владејачката партија.

Поддршката за владата на Кишида падна на најниско ниво откако тој ја презеде функцијата пред една година поради зголеменото незадоволство на јавноста, што неговата Либерално-демократска партија (ЛДП) не ги откри целосно своите врски со црквата основана во 50-тите во Јужна Кореја, позната по масовните свадби.

Абе беше убиен за време на предизборен митинг, а убиецот рече дека мајка му банкротирала поради црквата, која критичарите ја нарекуваат секта бидејќи се потпира на сомнителни спонзорства, а убиецот го обвини Абе за промовирање на црквата.

Кишида му нареди на министерот за култура да подготви истрага за црквата според законот за религии.

„Сакам да ги решам прашањата поврзани со таа црква“, рече Кишида во парламентот.

Тој се извини бидејќи многу членови на неговата ЛДП имале врски со црквата, што предизвикало опаѓање на довербата на јавноста во владата, додавајќи дека многу сериозно ги сфатил обвинувањата дека црквата оставила многу следбеници во сиромаштија, вклучително и цели семејства.