17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ ќе донира 1,23 милијарда евра за искоренување на детската парализа

Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ ќе одвои 1,23 милијарда евра за борба против детска парализа во светот.

Покрај тоа, овие пари ќе бидат искористени за да се спречи појавата на нови варијанти на вируси, кои би можеле да ги избегнат постојните вакцини. Соопштението беше објавено на Светскиот здравствен самит во Берлин.

Во северозападната провинција Хајбер Пахтунхва, Пакистан, пријавени се 20 случаи на детска парализа оваа година.

Авганистан, кој регистрира два случаја оваа година, претходно немаше пристап до вакцини поради насилството и талибанците, кои им забранија на тимовите за детска парализа од областите под нивна контрола.

Сепак, минатата година, неколку месеци по преземањето на Авганистан, талибанците се согласија да им дозволат на здравствените работници на ОН да почнат национална кампања.

И покрај милијардите евра вложени во напорите за искоренување на детската парализа од 1988 година, СЗО повторно ги пропушти роковите за искоренување на болеста и беше под постојани критики за неуспехот да се приспособи на предизвиците.