22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ваљево: Се преврте автобус полн со патници, има мртви

Во близина на влезот во хидроакумулационото езеро на браната Ровни, југоисточно од Ваљево, се случи тешка сообраќајна несреќа.

До несреќата дошло кога автобусот со непознат број патници се превртел, а според првите информации од терен, едно лице загинало, а 15 се повредени, јавуваат медиумите.

Како што пренесуваат медиумите, автобусот се превртел кога возачот излегол од возилото и не ја притиснал рачната сопирачка, поради што автобусот се вратил наназад на удолницата, а потоа се превртел.

Службите за итна помош, пожарникарите и полицијата се на терен.