25.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

Ужас: Убиле бебе, па го оставиле на депонија

На депонијата Хускиќи кај Лукавац во Босна и Херцеговина мештаните вчера пронашле мртво новороденче. Веднаш била известена полицијата во Лукавац, како и дежурниот обвинител на Обвинителството на кантонот Тузла.

– Добивме обдукциски извештај кој покажа дека бебето е родено живо, а потоа и е одземен животот. Најверојатно станува збор за кривично дело чедоморство, а криминалистичката полиција на полициската управа Лукавац и МУП на кантонот Тузла се на терен. Работиме на откривање на лицето кое го сторило ова тешко кривично дело – изјави дежурниот обвинител Ќазим Серхатлиќ.

Утврдено е дека се работи за девојче, а сѐ уште се трага по монструмот кој го сторил делото.