18.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

ОН тврдат: руски војници пијат вијагра за да силуваат Украинки

Претставници на ОН во петокот рекоа дека руските војници добиле залихи од вијагра за да ги силуваат и обезличуваат Украинките.

Претставничката на ОН, Прамила Патен (Патен) рече дека потврдиле повеќе од 100 случаи на сексуални напади во Украина и дека оваа бројка не е ни приближна до реалната, бидејќи многу сексуални напади не се ни пријавени.

– Кога жените се држат во заробеништво со денови, момчињата и мажите се силувани, нивните гениталии се осакатени, кога на тоа ќе се додадат сведоштвата на жените за руските војници кои се снабдуваат со вијагра, јасно е дека тоа е дел од руската воена стратегија – – рече Патен.

Жртвите се првенствено жени, рече таа, но има и мажи и деца. Минатиот месец, истражителите на ОН заклучија во извештајот дека руските војници силувале деца – од кои некои биле на возраст од четири години.