18.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Осуммина се уапсени за експлозијата на мостот на Крим

Федералната служба за безбедност на Русија соопшти дека се уапсени осум од 12-те осомничени за неодамнешната експлозија на мостот Керч на Крим.

Во соопштението се наведува дека главен осомничен за организирање на нападот на мостот на Крим е Кирил Буданов, шеф на украинската воена разузнавачка служба.

„Експлозивите употребени во нападот се испратени од Одеса преку Бугарија, Грузија и Ерменија и сокриени во ролна од камера“, навела руската служба.

Силна експлозија на мостот Керч одекна во саботата наутро, а тоа е стратешки важен мост што Русија го изгради откако го анектираше Крим во 2014 година, пишува агенцијата.

Во неделата рускиот претседател Владимир Путин ги обвини украинските разузнавачки служби дека извршиле, како што рече, терористички напад на мостот Керч.