23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Минск: Добивме информации за план за напад на Белорусија

Претседателот на Белорускиот Комитет за државна безбедност, Иван Тертел, изјави дека Минск добил информации за планови за извршување на серија терористички напади на белоруска територија, по создавањето на комбинирани регионални воени сили на Русија и Белорусија.

„Сега сме сведоци на подготовки за серија терористички напади на нашата територија, со оглед на создавањето регионални комбинирани воени сили со Руската Федерација“, рече Тертел, пренесе Тас.

Тој, исто така, изјави дека властите во земјата се информирани за терористички напади чија цел ќе бидат железнички објекти и рути што ги користат белоруската армија и нејзините сојузници.

Според Тертел, „на одредени социјални мрежи веќе се појавуваат повици за напади“.

„Знаеме кој стои зад тоа. Терористичките групи се формираат во Литванија, Полска и Украина со поддршка на западните разузнавачки агенции со цел да се извршат терористички напади во Белорусија“, заклучува Тертел.