17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Украина: 11 инфраструктурни објекти оштетени во руските напади во Киев

Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави дека 11 инфраструктурни објекти во осум региони во главниот град Киев биле оштетени од руските ракетни напади во понеделникот.

„Според ситуацијата во 11 часот, оштетени се 11 важни инфраструктурни објекти во осум региони и градот Киев“, објави Шмигал на „Телеграм“.

„Сега некои области се отсечени, потребно е да се подготвиме за привремени прекини на струјата, водоснабдувањето и комуникациите“.