24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Три крстосувачки ракети поминале низ воздушниот простор на Молдавија: Итно повикан рускиот амбасадор

Молдавија денеска објави дека три крстосувачки ракети истрелани од Русија кон Украина поминале низ нејзиниот воздушен простор.

Затоа, според извештаите, на разговор бил повикан рускиот амбасадор во Кишињев, Олег Васнецов.

„Три крстосувачки ракети лансирани кон Украина утринава од руски бродови во Црното Море поминаа низ воздушниот простор на Молдавија. Наредив да се повика рускиот амбасадор да даде објаснување“, објави молдавскиот министер за надворешни работи Нико Попеску на Твитер.

Васнецов во четвртокот беше повикан на разговор во молдавското Министерство за надворешни работи, кога беше информиран дека Кишињев нема да ги признае резултатите од референдумот во источна Украина, на кој самопрогласените проруски територии ѝ се приклучија на Русија.