25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Трамп: Итни преговори за мир или трета светска војна

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е неопходно итно да се започнат преговори за прекин на конфликтот во Украина.

Како што додаде, во спротивно кризната состојба може да прерасне во трета светска војна.

„ Сега имаме конфликт меѓу Русија и Украина, во кој би можеле да загинат стотици илјади луѓе. Мораме итно да започнеме преговори за мировно решение… или ќе се најдеме среде третата светска војна и ништо нема да остане од нашата планета“, рече Трамп во обраќањето пред неговите поддржувачи во државата Невада.