21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Се урна куќа во Пакистан, загинаа осум деца

Девет членови на едно семејство, меѓу кои и осум деца, загинаа откако се урна покрив на куќа во северен Пакистан, соопшти полицијата.

Началникот на полицијата Имтиаз Кан изјави дека деца на возраст од две до 12 години – по четири момчиња и по едно девојче – загинале во несреќата во градот Чилас во регионот Гилгит Балтистан.

Кан рече дека таткото бил на работа во моментот на несреќата. Соседите слушнале дека нешто се урива и притрчале да помогнат, но залудно.

Инцидентите од овој тип не се невообичаени во Пакистан, каде безбедносните стандарди се ниски, а многу луѓе живеат во лоши и опасни услови поради недостаток на финансиски средства.