24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експлодираше бензиска пумпа во Ирска, загинаа најмалку девет луѓе

Во експлозија на бензинска пумпа во Ирска загинаа најмалку девет луѓе, соопшти ирската полиција.

Потрагата по жртви продолжува, а се истражува и причината за експлозијата. Како што наведуваат од полицијата, осум лица се на болничко лекување.

Експлозијата се случила вчера нешто по 15 часот по локално време, на бензинска пумпа, која се наоѓа на околу 25 километри од градот Летеркени.

Фотографиите од местото на настанот покажуваат голема дупка и урнат покрив на станбена зграда до бензинска пумпа со остатоци расфрлани низ областа каде што биле паркирани бројни автомобили.

Ирската крајбрежна стража соопшти дека нејзиниот хеликоптер им помага на службите за итни случаи на местото на настанот и Националната служба за брза помош испратила голем број амбулантни возила.

Ирскиот премиер Мајкл Мартин рече дека ова е еден од „најтемните денови за Донегал и за целата земја“.