Корисниците на Твитер се најмалку агресивни кога надворешната температура е помеѓу 12 и 21 Целзиусов степен.
Говорот на омраза е еден од најголемите проблеми на социјалните мрежи, кој е многу тешко, а понекогаш и невозможно да се запре.
Проблемот е присутен на сите мрежи – Фејсбук, Инстаграм, ТикТок, Твитер…
Научниците од Универзитетот во Потсдам открија дека на количината на таква содржина влијае времето, односно временските (не)прилики.
Кога температурата е удобна и во некои граници каде што не е ниту студено ниту топло, количината на говор на омраза на Твитер е на најниско ниво. Кога температурата е пониска, а особено кога расте, се зголемува и говорот на омраза.
Научниците дојдоа до овие податоци анализирајќи повеќе од четири милијарди твитови објавени во САД во период од шест години – помеѓу 2014 и 2020 година.
Корисниците на социјалните мрежи, според резултатите од истражувањето, се најпитоми кога температурата е помеѓу 12 и 21 Целзиусов степен.
Кога времето е постудено, а температурата ќе се спушти под 12 степени, количината на говор на омраза се зголемува за околу 12 проценти, додека ситуацијата кога е во прашање топлината е уште полоша.
Имено, кога живата на термометарот ќе се искачи над 21 Целзиусов степен, говорот на омраза се зголемува за 22 отсто.
Така, говорот на омраза и злоупотребата на Интернет се зголемија за 20 проценти за време на пандемијата на корона вирусот.
Она што е особено интересно е што ситуацијата е слична во сите области, вклучително и во оние населени со луѓе со подобар стандард кои можат да си дозволат клима уреди.