Centar.mk
СВЕТ

ГЕРМАНИЈА СО НОВ ПАКЕТ ОД 1,3 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА УКРАИНА: Пари за одбрана и енергетска инфраструктура

Германија подготвува дополнителен пакет од 1,3 милијарди евра за Украина, наменет за зајакнување на одбранбените капацитети и за поддршка на енергетската инфраструктура пред зимата. Договорот беше објавен по денешната средба во Киев меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Разговорите се одржаа во услови на продолжени руски воздушни напади врз Украина. Мерц порача дека германската поддршка ќе продолжи, додека украинската страна го оценува новиот пакет како значаен и за одбраната и за стабилноста на енергетскиот систем во зимските месеци.