Centar.mk
СВЕТ

ЧЕТИРИ ЗЕМЈОТРЕСИ ЈА ПОГОДИЈА ТУРЦИЈА ЗА ЕДЕН ДЕН: Најсилниот бил со магнитуда 5,2

Турција денеска беше погодена од серија од четири земјотреси во различни делови од земјата. Според податоците што се повикуваат на турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби – АФАД, првиот потрес од 4,8 степени бил регистриран во Мугла.

Потоа две последователни тресења со магнитуда 4,9 и 4,8 биле забележани во областа Саимбејли во провинцијата Адана, додека најсилниот земјотрес во серијата, од 5,2 степени, бил регистриран во Османије. Во првичните информации не се наведуваат податоци за поголема материјална штета или жртви.