Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

4. 12 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА: Деветмина зад волан без положен возачки испит

Полицијата соопшти дека во последниот дневен оперативен циклус биле лишени од слобода 12 лица осомничени за „безобѕирно управување со моторно возило“. Најголемиот дел од случаите, девет, се однесуваат на лица кои управувале автомобил без положен возачки испит, а меѓу нив има и малолетници.

Двајца возачи, според МВР, биле затекнати зад волан и покрај активна забрана за управување, при што истовремено биле под дејство на алкохол. Уште едно лице било приведено поради возење под дејство на алкохол. По комплетирањето на документацијата полицијата најавува соодветни кривични пријави.

Можеби ќе ве интересира

ОД НЕДЕЛА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЗИМСКА ОПРЕМА – Еве што мора да имаат возачите за да избегнат казна

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК