25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

Денеска Република Северна Македонија започнува ново, историско поглавје во евроинетгративниот процес. По 17 години чекање ги започнавме преговорите а денеска започнува започнуваме скрининг – процесот кој е составен дел од преговорите за членство во Европската Унија. Овој скриниг процес е поделен на два дела: на објаснувачки и билатерален, изјави на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

Каевски додаде дека денеска започнува објаснувачкиот скрининг кој треба да заврши најдоцна до ноември 2023 година. Важно е да се напомене дека овој дел од скриниг процесот го минавме во периодот 2018 и 2019 година и дека сега не почнуваме од нула, туку продолжуваме од таму каде што сме застанале, што е исклучителна предност.

Според проценките усогласеноста со европското законодавство е околу 40 отсто, што зборува за посветеноста на државата во овие последни неколку години, што побрзо да ги исполни критериумите за членство во Унијата,рече Каевски.

Каевски истакна дека започнале преговори со ЕУ, како Македонци, со македонски јазик во Унијата и заштитен македонски идентитет, македонска посебност.

Тоа е придонес на сите пратеници кои гласаа во Собранието, за да продолжи европски пат. Сега е важно да се изгради консензус, да се стават во функција сите расположливи капацитети во процесот на преговори.

Сега е потребна посветена работа, спроведување на потребни реформи со цел Северна Македонија до 2030 година да ги заврши преговорите и да стане членка на ЕУ, изјави Каевски.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО и ВИДЕО) Светна Телекомуникациската кула веднаш до Милениумскиот крст – повисока е од него, а ќе има и ресторан кој ќе врти 360 степени за 1 час

ДЕСК

Температурите повторно одат нагоре: Синоптичарите објавија временска прогноза – пеколно жешко и до 37°C

ДЕСК

Работник – српски државјанин повреден при градежни активности во Гевгелија

ДЕСК