17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

„Путин постојано повторува: Косово, Косово, Косово. Тој прави се’ за да го запали фитилот на Балканот“

Албанскиот премиер Еди Рама оцени дека Москва го поттикнува конфликтот на Балканот и го загрозува кревкиот мир.

Тоа го кажа со тврдење дека Русија би била задоволна доколку нешто се придвижи во насока на конфликт во регионот.

„Дали сте слушнале колку пати Путин го спомнува Косово во своите говори? Тој постојано повторува: „Косово, Косово, Косово. интервју за германски „Шпигел“ што го пренесува „Албаниан пост“. Рама вели дека симпатиите кон Москва се силни во Србија и Република Српска.

„Осумдесет проценти од православните Срби позитивно мислат дека Путин само му покажува заби на Запад во Украина, ако можете да го кажете тоа“, додаде Рама.

Тој наведува и дека жителите на регионот се поделени на оние кои се против Путин и оние кои го поддржуваат.

Премиерот на Албанија ги повтори претходните зборови дека „одлуката за независноста на Косово е правилна“.

„На крајот на денот, сега има процес на мир и помирување, иако овој процес ќе трае долго“, рече Рама.

Тој исто така смета дека „има длабока поделба меѓу црногорското и српското население во Црна Гора“, но додаде дека е добро што постои Отворениот Балкан.

„Неодамна има охрабрувачки случувања на Балканот. Затоа сакам Србија, Албанија и Црна Гора да создадат некаква мини-шенген зона за подобра размена“, рече Рама, а пренесува албанскиот весник.