22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Избодени три лица во Торонто, сите во критична состојба

Три лица се во критична состојба откако денеска беа избодени со нож во населбата Норт Јорк во Торонто, пишува Торонто сан.

Канадската полиција соопшти дека инцидентот се случил околу 15:30 часот по локално време.

– Добивме повик дека има конфликт меѓу маж и жена и дека жената е избодена со нож – изјавил за „CP24“ полицаецот Дејвид Хопкинсон.

Тој рече дека по пристигнувањето на местото на несреќата патролите затекнале две лица со убодни рани.

– Можам да потврдам дека двете жртви воопшто не даваа знаци на живот кога пристигнавме – додаде Хопкинсон.

Мажот и жената итно биле пренесени во болница со повреди опасни по живот.

– Уапсивме едно лице, тоа е маж и е во притвор. Не веруваме дека некој друг е вмешан – додаде тој.

Хопкинсон откри дека полицијата подоцна пронашла трета жртва која исто така имала повреди опасни по живот, но не се соопштуваат повеќе детали.

– Апсолутно немам поим како се случи сето ова – призна Хопкинсон.

Спонзорирано: