12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Унгарските власти ги отпуштија метеоролозите поради погрешни прогнози

Унгарските власти ги отпуштија шефовите на метеоролошката служба откако погрешно беше објавено лошото време, што предизвика одложување на големиот огномет.

„Најголемиот огномет во Европа“ беше закажан за сабота навечер во Будимпешта, на денот на Свети Стефан, унгарскиот национален празник. Планирано беше да се испукаат 40.000 парчиња пиротехника од 240 точки на пет километри долга оддалеченост долж Дунав.

Но, на седум часа пред почетокот на церемонијата, Владата го одложи за следната недела поради лошите временски услови.

Времето на крајот остана стабилно, поради што беа сменети директорот и заменик директорот на метеоролошката служба.

Метеоролошката служба во неделата се извини за погрешната прогноза, велејќи дека „најмалку веројатно“ сценарио се остварило и дека неизвесноста е составен дел на метеорологијата.

Министерот за иновации Ласло Палковиќ во понеделникот сепак ги смени функционерите во таа служба.