25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Бориловиќ со денови се однесувал чудно, на денот на масакрот во Цетиње требало да оди на преглед на психијатар

Вук Бориловиќ (34), цетињанецот кој вчера изврши невиден масакр кога уби 10 лица, меѓу кои две деца, а потоа беше убиен од еден од жителите на населбата Медовина, во последно време се однесувал чудно и покажувал знаци на параноично однесување, велат мештаните.

Според жителите на населбата Медовина, Бориловиќ во последно време бил крајно сомнителен, недоверлив кон соседите со кои живеел со години, покажувал и некои знаци на параноично однесување, но никој не можел да претпостави што ќе се случи на 12 август во главниот град на Црна Гора.

Велат дека на соседите не им се обраќал многу, ниту пак разговарал со нив.

Мештаните велат дека Бориловиќ пред 15 дена упаднал во куќата на еден од соседите и направил хаос. Стандард.ме пишува дека Бориловиќ тогаш упаднал во куќата на соседот и му искршил работи. Тој вчера, според изворите на овој весник, требало да оди во Психијатриската болница во Доброта поради психичките проблеми што ги имал неодамна.

„Да реагираше навреме полицијата, по првиот напад на соседите, и да ја пребараше куќата на Бориловиќ, веројатно ќе најдеше оружје и ќе го одземеше, вака се чекаше тој да оди на преглед во болницата во Доброта“, вели еден од сограѓаните.

По невидената трагедија, цело Цетиње е во шок. Велат дека Бориловиќ неодамна мислел дека соседите го прогонуваат и дека „му прават магии“, дека го крадат. Неодамна поради оваа причина поставил и надзорни камери.

Мештаните велат дека Бориловиќ пред неколку дена ги однел сопругата и трите деца во Херцег Нови и дека се однесувал чудно.

Очевидци на ужасот за Стандард.ме изјавија дека вчера ја молеле полицијата да им даде оружје за тие да се обидат да го спречат, но не им било дозволено.

Според нив, Бориловиќ пукал и во правец на Брзата помош, спречувајќи ги да стигнат до жртвите.

„Баравме оружје од полицијата за да се обидеме да му пријдеме и да го запреме, но залудно тие се обидуваа да преговараат со него, но нам ни беше јасно дека човекот е непресметлив и дека со такви нема преговори“, изјави еден од очевидците.

Крвавиот пир го спречи Ненад Калуѓеровиќ, мештанин кој отвори оган на него и го уби.