14.8 C
Скопје
22. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Slaven Trgar/Pixabay
СВЕТ

Дрво падна врз жена во Загреб

Дрво падна врз трамвај и повреди жена во Загреб.

Инцидентот се случил во загрепската улица Медвешќак, соопшти Полициската управа.

Како што јави Хина, дрвото се срушило, најверојатно поради староста, а жената од под дрвото ја извлекле пожарникарите. Таа била пренесена во Клиничко-болнички центар „Ребро“, каде ѝ била укажана лекарска помош.

Степенот на повредите на жената не е соопштен.

Поради пад на дрвото, сообраќајот на споменатата улица е затворен.