Можеби сите го сакаат летото поради одењето на море и доброто расположение кое секогаш владее во овој период од годината, но и многумина едвај чекаат да заврши поради ноќните горештини кои не спречуваат нормално да спиеме.
Многу луѓе се обидуваат да го разладат просторот преку ден, но тоа не е така лесно во текот на ноќта. Сосема логично, бидејќи тогаш спиеме.
Ако цела ноќ се вртите во креветот и ја барате ладната страна на перницата, експертот за спиење Џејмс Лејнхард го има решението за вас. Тој откри во која положба е најлесно да се заспие кога е висока температурата.
Она што не се советува е да спиете на стомак, освен ако тоа не е неопходно за вашето здравје. Спиењето во оваа положба може да предизвика неправилно дишење како и немир, што воопшто не е пожелно на овие температури.
Лајнхард тврди дека положбата во која лежиме додека се обидуваме да заспиеме всушност има големо влијание врз тоа колку брзо заспиваме. Според него, најдобра е онаа наречена „сонувач“, а тоа е полуфеталната поза, односно спиење на страна.
– Ако се превртувате ноќе, пулсот се зголемува. Затоа ви е потопло, бидејќи повеќе крв пумпа низ вашето тело, па ќе ви биде уште потопло кога надвор е премногу топло – објасни тој.
Покрај адекватна положба, треба да постигнете максимална и соодветна удобност на креветот што ќе ве задоволи.