Centar.mk
Фотографијата е генерирана со АИ за потребите на Centar.mk
СВЕТ

САД го имаа најжешкото лето во својата историја

Соединетите Американски Држави (САД) го имаа најжешкото лето во својата историја оваа година со просечна температура од околу 23,5 степени Целзиусови, објави денес Националната океанска и атмосферска администрација (NOAA).

Просечната температура помеѓу јуни и август беше за три и пол степени повисока од летните просеци во текот на 20 век, објави CBS News.

Рекордна топлина го зафати западниот дел на САД, јужните планини, југозападните рамнини и Флорида, каде што се случија катастрофални пожари, а резервите на вода се намалија./Извор:Makfax