17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Акциска контрола во Прилеп, приведени три лица, 20 санкционирани возачи

Во текот на изминатата вечер (29/30.07.2022), од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица и патнички возила на подрачјето на Прилеп.

За време на контролите лишени од слобода се три лица. При преглед кај едното лице билe пронајдени поголема количина таблети “екстази” и кокаин, додека кај останатите две лица пронајден е кокаин. Против лицата ќе биде поднесена пријава по чл.215 од Кривичниот законик.

Во периодот од 21.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 20 возачи, од кои 14 се исклучени од сообраќај.

Можеби ќе ве интересира

Акциска контрола на СВР Битола, пронајдени и одземени бесправно исечени огревни дрва, приведени четири лица

M T

Акциска контрола со Агенцијата за храна и ветеринарство за спречување на ширење на болеста африканска чума

M T

Акциска контрола во Прилеп, приведено едно лице, седум санкционирани возачи

M T

69 пијани возачи санкционирани изминатата вечер

M T

Акциска контрола во Прилеп, кај едно лице пронајдена дрога, 24 санкционирани возачи

M T

Акциска контрола на подрачјето на Прилеп, едно лице приведено, констатирани повеќе неправилности во угостителски објект

M T