22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трочлено семејство убиено во Ајова – напаѓачот се самоубил

Тројца членови на семејството Шмит, Тајлер (42), Сара (42) и Лулу (6) биле убиени додека кампувале во државен парк во источна Ајова, а осомничениот напаѓач, Ентони Шервин, извршил самоубиство.

Полицајците одговорија на извештаите за пукање во кампот во државниот парк Макукета Кејвс вчера рано наутро и пронајдоа три лица мртви во шаторот во кампот, рече помошник-директорот на криминалистичката истрага Мич Мортвед.

Мортвед додаде дека полицијата веднаш ги евакуирала сите од паркот, а кога завршила евакуацијата, единствен регистриран кампер кој во тој момент не бил меѓу останатите кампери бил Шервин (23).

Полицијата подоцна го пронашла Шервин мртов во шумската област на паркот.

Утврдено е дека се самоубил со огнено оружје.

Шервин дошол од Небраска, а истражителите не веруваат дека тој имал некаква поврзаност со жртвите, рече Мортвед, додавајќи дека не може да каже дали осомничениот има криминално досие и дека аутопсиите на Шервин и жртвите треба да се направат во текот на викендот, пренесе Американската агенција.

Спонзорирано: