12.8 C
Скопје
16. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Блер: Војната покажа дека крајот на западната доминација е близу, Кина станува суперсила

Украинската војна покажува дека на доминацијата на Западот и се ближи крајот, додека Кина во партнерство со Русија се издигнува до статусот на суперсила, за време на една од најзначајните историски пресвртници, смета поранешниот британски премиер Тони Блер.

Светот е во историска пресвртница, споредлива со крајот на Втората светска војна или со распадот на Советскиот Сојуз, рече Блер, но овојпат Западот очигледно не е во подем.

Се приближуваме до крајот на западната политичка и економска доминација, рече Блер на предавањето насловено „Кои се лекциите за западното раководство по Украина?“, се вели во транскриптот од неговиот говор објавен на британскиот форум за поддршка на американско-европскиот сојуз.

„Светот ќе биде барем биполарен, а можеби и мултиполарен. „Најголемата геополитичка промена на овој век ќе дојде од Кина, а не од Русија“, рече Блер.

Руската инвазија на Украина уби илјадници луѓе и ја предизвика најсериозната криза во односите меѓу Русија и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година, кога многумина стравуваа дека светот е на работ на нуклеарна војна.

Претседателот Владимир Путин тврди дека Западот објавил економска војна, обидувајќи се да ја изолира руската економија со санкции. Кремљ вели дека Русија ќе се сврти кон сили како Кина и Индија.

Војната во Украина, рече Блер, јасно стави до знаење дека Западот не може да се потпре на Кина „да се однесува на начин што ние го сметаме за рационален“.

Кинескиот претседател Си Џинпинг продолжи да го поддржува Путин и ја критикуваше „злоупотребата“ на санкциите од Западот. Путин влезе во „стратешко партнерство“ со Кина, како што ја нарекува.

Во 1979 година, кинеската економија беше помала од италијанската, но со отворањето за странски инвестиции и воведувањето пазарни реформи, таа стана втора по големина економија во светот.

Се предвидува дека ќе ги надмине САД во рок од една деценија. Кина исто така води во некои технологии на 21 век, како што се вештачката интелигенција, регенеративната медицина и спроводливите полимери.

„Местото на Кина како суперсила е природно и оправдано. Тоа не е Советскиот Сојуз“, рече Блер, кој беше британски премиер од 1997 до 2007 година.

Нејзини сојузници веројатно ќе бидат Русија и Иран, смета тој.

Западот не треба да дозволи Кина воено да ја престигне, посочи тој.

„Треба да ги зголемиме трошоците за одбрана и да ја одржиме воената надмоќ“, рече Блер.

САД и нивните сојузници „треба да бидат доволно силни за да се справат со каква било ситуација или конфликт во сите области“, заклучи тој.