14.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

САД: Петгодишно дете случајно го убило својот брат додека си играло со пиштол

Петгодишно дете во Арканзас го убило својот осум годишен брат, случајно додека си играло со пиштол.

Трагедијата се случила во семејна куќа во предградието на Пајн Блаф, град со 40.000 жители на околу 70 километри јужно од главниот град на Арканзас, Литл Рок.

„ Ова е трагичен инцидент што можеше да се избегне. Треба постојано да нагласуваме дека оружјето треба да се чуваат на безбедно и подалеку од дофат на деца“, рече шерифот на округот Џеферсон, Лафајет Вудс.

Тој нагласи дека неодговорните сопственици, кои не го чуваат оружјето на соодветно место, од вакви трагедии ги дели само дел од секундата.

Според американските медиуми, од почетокот на годината во вакви несреќи, а имало 126, во САД загинале 55 лица, а 78 се ранети, објави непрофитната организација „Everytown for Gun Safety“, во врска со несреќата во Арканзас.

Оттаму потсетуваат дека минатата година биле забележани 392 вакви случаи, – 163 жртви и 248 повредени.