15.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Над 360 луѓе починаа од високите температури во Шпанија, поради што се засилуваат и пожарите

Пожарникарите се борат со повеќекратните пожари во Шпанија откако невообичаено високите температури достигнаа 45,7 степени Целзиусови.

Во топлотниот бран кој траеше речиси една недела, 360 луѓе починаа од високите температури, покажуваат податоците на здравствениот институт Карлос III.

Повеќе од 3.000 луѓе досега се евакуирани од своите домови поради големиот пожар во близина на Мијас, град во провинцијата Малага, популарен меѓу туристите од северна Европа, на Твитер објавија службите за итни случаи во регионот.

Многу од нив се сместени во провинцискиот спортски центар.

Пожар беснее и во близина на Касас де Миравете во областа Екстремадура, каде што беше искористена вода од хеликоптер за гаснење на пожарот, кој изгоре 3.000 хектари вегетација. Поради пожарот, кој се приближил до националниот парк Манфраг, евакуирани се жителите на две села.

Пожарите го зафатија и централниот регион Кастилја и Леон и Галиција на север.