14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Рускиот амбасадор во САД: Изјавата на Пентагон ја покажува намерата да ја ескалира ситуацијата

Рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов денеска оцени дека изјавата на функционерот на Пентагон Колин Кала за можноста за зголемување на испораките на повеќецевни ракетни фрлачи „Химари“ за Киев може да се смета како намера на Вашингтон да се движи во насока на натамошна ескалација на ситуацијата.

Антонов рече дека ваквите изјави на Кала се крајно загрижувачки, пренесува ТАСС.

Пентагон претходно соопшти дека САД ќе и дадат на Украина четири високомобилни артилериски ракетни системи.