24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Жена и дете ранети на училиште во Германија

Жена и дете се ранети денеска во се уште необјаснет инцидент во основно училиште во градот Еслинген во југозападна Германија, соопшти тамошната полиција.

Полицијата соопшти дека се уште трага по осомничениот извршител на нападот во град во близина на Штутгарт, а во потрагата бил користен и хеликоптер.

Засега не е јасно дали жртвите се повредени во училиште или надвор, а не е утврден ниту мотивот за нападот.

Германскиот весник „Билд“ објави дека напаѓачот бил маж вооружен со нож, но полицијата засега не ја потврдила таа информација, наведува АП.