11.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
СВЕТ

Лавров: Повиците на Киев за Западот да го вооружи до заби се контрапродуктивни

Киев е должен да престане да го одложува процесот на извоз на украинско жито, а повиците до Западот да го „вооружи до заби“ се контрапродуктивни, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

По средбата со ерменскиот колега Арарат Мирзојан во Ереван, тој нагласи дека руската војска е подготвена да обезбеди безбедни коридори за сите товарни бродови кои чекаат да испловат од пристаништата на Црното Море, но под услов Украинците да ги отстранат мините од крајбрежниот појас под нивна контрола.

Сергеј Лавров посочи дека е потребно да се откаже од ваквата реторика и „вжештување на страстите во медиумскиот простор“ и наместо тоа да се занимава со конкретни дела.