25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Драма на небото над НАТО-држава и Србија: Авиот прелетал без дозвола

Двомоторен авион „Бичкрафт“ со две лица синоќа без дозвола прелетал низ воздушниот простор на Унгарија, Романија, Србија и Бугарија.

„Авионот што прелета над романскиот воздушен простор на рутата што ги опфаќа Орадеа, Карансебес и Дробета-Турну Северин не покажа знаци на непријателство или опасно однесување. Пилотот не одговори на радио повиците и визуелните сигнали од воените авиони што го придружуваа авионот во согласност со меѓународните правила“, соопшти романското Министерство за одбрана.

Според достапните информации, авионот полетал од реонот на унгарскиот град Дебрецен околу 17.30 часот, без одобрение и план за лет и со исклучени транспондери.

Два унгарски воени авиони го придружувале леталото во унгарскиот воздушен простор, објавија српските медиуми.

На авионот околу 19 часот му биле потребни околу две минути да прелета низ воздушниот простор на Србија и потоа да влезе во воздушниот простор на Бугарија.

„Бугарските власти работат на терен и ја истражуваат последната позната позиција на авионот со цел да се идентификува и да се откријат дополнителни детали“, се вели во соопштението на романското Министерство за одбрана.

Да потсетиме на изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој по падот на непознат дрон во Загреб изјави дека вакво нешто никогаш не може да и се случи на Србија.

Тоа што се случи во Загреб не можеше да и се случи на Србија, тој авион ќе го соборевме за пет минути“, изјави во таа прилика Вучиќ.