12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Строг полски закон: Речиси целосна забрана за абортус, воведен е регистар за бременост

Новата одредба на полската влада предвидува лекарот мора да ја евидентира секоја бременост во таа земја. За оваа одредба беа упатени сè поголеми критики.

Пратениците од опозицијата рекоа дека тоа е регистар за бременост и кршење на правата на жените. Полска воведе речиси целосна забрана за абортус, а активистите се загрижени дека владејачката Конзервативна партија за жените се подготвува за уште поголема контрола кога станува збор за одлуките за нивните тела, пишува Euronews.

По наредба на министерот за здравство, Адам Ниеџиелски, лекарите мора да ги евидентираат сите податоци за бременоста; вклучувајќи ги сите минати или сегашни болести, посети на лекар, третмани и крвна група.

Полската влада вели дека јавното здравство ги следи препораките на Европската унија и дека на овој начин ќе им овозможи на медицинските работници да им помагаат на пациентите во Полска и во странство.

Но, опозициските пратеници велат дека регистарот би можел да биде „нова алатка за репресија“ врз жените чија цел е откривање на можни нелегални абортуси. Пристап до регистарот има и полското обвинителство. Либералната пратеничка Камила Гасиук-Пиховиц им рече на новинарите дека списокот може да ги „гони и контролира Полјаците“.

Владиниот регистар го осуди и полскиот опозициски лидер и поранешен претседател на Советот на ЕУ, Доналд Таск (Туск).

На Полјаците им треба грижа, а не контрола“, изјави вчера Таск.

Левичарската пратеничка Агњешка Џиемијанович-Бак рече дека регистарот за бременост во земја со речиси целосна забрана за абортус е застрашувачки.

Новата мерка може да доведе до тоа многу полски жени да бараат приватно лекување или да патуваат во странство, дури и за пренатална нега. Според строгата законска реформа од 2020 година, полските жени можат да бараат абортус само ако постои сериозен ризик за здравјето на мајката или ако бременоста е резултат на силување или инцест.

Во последните месеци, најмалку две жени починаа во полските болници откако лекарите го одложија абортусот, дури и кога на фетусот му беше дијагностицирана сериозна болест. Властите дури се обидоа да воведат извештај за оние бремени жени кои беа видени како пијат или пушат, но тој беше повлечен по демонстрациите низ целата земја.